x

ВМФЛ – ЗАПАД: Охрид го шокираше Гостивар, сега “пиратите“ се први…

ohrid-pobeda

Ретко кој очекуваше дека во дербито на 10.коло во Втората лига – запад, екипата на Охрид ќе успее да го победи големиот фаворит, тимот на Гостивар. Но, охриѓани успеаја во тоа и тоа благодарение на голот на Целески во 81.минута.

Кораби кога игра дома обично победува, па така беше и попладнево во Дебар. Совладан е тимот на Лабуништа Тетово со 1:0, и тоа со голот на Ујкан Муча во 90.минута од мечот, значи “штофарите“ не се предале така лесно. Вардар Форино и Дрита ремизираа без голови, резултат кој не им одговара ни на двете екипи кои ги чека жестока битка за опстанокот во западната конкуренција.

Кадино и Велешта исто така ремизираа без голови, но се виде голема борба на теренот од двете екипи, сепак бадијала, само по бода и за Кадино и за Велешта.

Скопје среде Кичево славеше со 3:1, и со тоа го претрка Гостивар на чело на табелата. Јусуф, Ајрулаху и Јанакиевски реализираа за победничкиот тим, додека Ибраими кај гостите.

Фото;: Охридњус

РЕЗУЛТАТИ – 10. КОЛО

КОРАБИ – ЛАБУНИШТА ТЕТОВО 1:0

ОХРИД – ГОСТИВАР 1:0

КАДИНО – ВЕЛЕШТА 0:0

ВАРДАР (Ф) – ДРИТА 0:0

ВЕЛАЗЕРИМИ – СКОПЈЕ 1:3

ТАБЕЛА

1.СКОПЈЕ 21

2.ГОСТИВА 20

3.КОРАБИ 17

4.ВЕЛЕШТА 16

5.ОХРИД 15

6. ВЕЛАЗЕРИМИ 13

7.КАДИНО 13

8.ВАРДАР (Ф) 12

9.ЛАБУНИШТА ТЕТОВО 6

10.ДРИТА 5

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата