x

ВМФЛ – ЗАПАД: Лидерот на гости покрај Охридското езеро!

ohrid-deneska

Во западната второлигашка конкуренција денеска се играат сите пет натпревари од 10. коло. Веројатно според амбициите, квалитетот и очекувањата, дерби треба да биде мечот во Охрид, каде покрај езерото домашниот состав го дочекува Гостивар, лидерот на табелата, Гостите од Гостивар имаа проблеми, но се чини дека ги надминаа па така сега одат по трите бода кај составот на Охрид на кого тие бодови му се и тоа како потребни.

На сите останати мечеви би требало да гледаме неизвесни дуели, посебно на мечот во Кичево каде домашниот Велазерими го дочекува Скопје, том кој што во моментов е второпласиран со само два бода помалку од Гостивар и секако дека очекува кикс на гостиварци.

Во Дебар играат Кораби и Лабуништа Тетово, односно Тетекс, тука фаворит е домашниот состав. Кадино игра против Велешта, тука ќе биде “жешко“, додека во Гостивар екипата на Вардар (Форино) го дочекува тимот на Дрита, кој е последно пласиран на табелата.

ФОТО: Охридњус

ДВОЈКИ ЗА ДЕНЕСКА – 10. КОЛО (13:30 Ч)

КОРАБИ – ЛАБУНИШТА ТЕТОВО

ОХРИД – ГОСТИВАР

КАДИНО – ВЕЛЕШТА

ВАРДАР (Ф) – ДРИТА

ВЕЛАЗЕРИМИ – СКОПЈЕ

ТАБЕЛА

1.ГОСТИВАР 20

2.СКОПЈЕ 18

3.ВЕЛЕШТА 15

4.КОРАБИ 14

5.ВЕЛАЗЕРИМИ 13

6.КАДИНО 12

7.ОХРИД 12

8.ВАРДАР (Ф) 11

9.ЛАБУНИШТА ТЕТОВО 6

10.ДРИТА 4

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата