x

ВМФЛ – ЗАПАД: Каков кикс на Гостивар уште на стартот!

gostivar-zapad

 

Гостивар, силниот Гостивар со неколку супер засилувања киксна уште на стартот, имено одигра 0:0 во првиот меч во новата сезоната во Втората лига – запад. Секако дека се очекуваа три бода за овој тим на дуелот со Охрид, но нели, во фудбалот изненадувањата се можни. Во Боговиње, на мечот меѓу Дрита и Вардар Форино, по многу борба крајниот резултат беше 1:1. Значи по бод и за двете екипи. Велешта со голот на Клечкароски во 12.минута успеа со 1:0 да го совлада составот на Кадино, во меч на кој беше домаќин.

На Автокоманда Скопје успеа да дојде до стартните три бода, и тоа благодарение на победа над Влазерими од 4:2. Тоа беше меч со многу пресврти, сепак на крајот“пиратите“ славеа.

Утре се игра мечот меѓу Лабуништа Тетово и Кораби.

 

РЕЗУЛТАТИ – 1.КОЛО

ГОСТИВАР – ОХРИД 0:0

ВЕЛЕШТА – КАДИНО 1:0

ДРИТА – ВАРДАР ФОРИНО 1:1

СКОПЈЕ – ВЛАЗЕРИМИ 4:2

УТРЕ (17 Ч)

ЛАБУНИШТА ТЕТОВО – КОРАБИ

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата