„Во случајот Рекет 2 беа изнесени директни обвиненија дека се рекетирани 11 милиони евра, а Јовевски и Русковска место да го истражат криминалот собираат кесички на повик на Заев. Зоран Заев и неговиот брат Вице се директно обвинети од бизнисмен дека го рекетирале, а ЈО наместо да спроведе истрага чисти грмушки“, велат од опозициската ВМРО-ДПМНЕ преку соопштение.

Според ВМРО-ДПМНЕ, во Македонија цела година е спроведуван организиран рекет, за кој постојат индиции дека е поддржан од врвот на власта.

„Здравството го погодија аферите Вирус и Инсулин, имаше крвав тендер од 35 милиони евра и министерството се користи како средство за испумпување пари од буџетот, а ЈО наместо систематски да ги истражи случаите, систематски чисти зелени површини. Рашковски заглавен до гуша во криминал. Аферата Леонардо не е ни процесуирана, а ЈО наместо да ја процесуира се зафати со чистење на тротоари.

Милиони се изрекетирани, уште толку се исцедени од буџетот преку матни тендери, криминалот стана заштитен знак на Заев и неговата влада, а Јовевски и Русковска наместо да ги гонат, со нив чистат покрај контејнери“, додава ВМРО-ДПМНЕ во соопштението.

извор: Makfax