„СДСМ ги лаже  граѓаните на Република Македонија.  Петре Шилегов даде изјава со која ги демантираше лагите  на СДСМ дека нема да поскапува водата. Шилегов денес изјави дека едно семејство за потрошени 15 кубни метри вода наместо 500 денари ќе плаќаат 522 денари, што значи дека сметките за вода ќе се покачат за најмалку 22 денари.Самите  себе се демантираат, нивните лаги веќе не траат ни еден ден“, се наведува во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Според партијата, „СДСМ ги излажа и граѓаните дека ги намалува трошоците за живот. Од први јануари оваа година ја зголеми акцизата на дизелот за 3,5 денари, а поскапувањето на горивото како  домино ефект носи поскапување на цело производство и на увозот во земјава. За 8 месеци владеење трошоците на живот пораснаа за 1,4 отсто, а цените на мало за 3,2 отсто. Тоа директно влијае на намалување на стандардот и зголемување на сиромаштијата во државата. За истиот период успеа да ја задолжи државата 1 милијарда и 300 милиони евра, а најавија и покачување на даноците“, велат од опозициската партија.

Според нив, место да работат за намалување на сиромаштијата и отворање на работни места, СДСМ носи мерки и нови давачки со кои граѓаните се зголемува сиромаштијата, а се повеќе граѓани остануваат без нивните работни места.

 

извор: Makfax