СДСМ со ребалансот на буџетот крати пари на капитални инвестиции додека кај непродуктивните трошоци нема намалување.  Скратени се средства за образование и здравство додека средства за мебел и за други луксузи има. На чело со СДСМ македонската економија и здравство доживуваат дебакл.   Над 40.000 граѓани останаа без работа додека само 2.000 за месец септември. Јавниот долг изнесува над 60 % од БДП што според критериумите на Мастрихт земјава се вбројува во групата на високо задолжени земји, велат од ВМРО-ДПМНЕ во нивното соопштение до јавноста

– Мерките на владата не дадоа ефект. Од вкупно планираните 550 милиони евра реализирани беа само 53 %.  4 пакет на мерки не ги вклучува студентите и учениците ниту малите компании што се движечка сила на  секоја економија. Заев и СДСМ ги остава малите фирми на цедило а со тоа и огромен број на фамилии и луѓе без работа. Заев на чело со СДСМ обезбедуваат пари само за нивните фирми и луѓе блиски до власта, потенцираат од партијата.

Оттаму додаваат дека и Светска банка излезе со црни предвидувања за македонската економија. Светска банка предвидува пад на економијата од 5,4 % до крајот на годината додека само за првиот квартал македонската економија бележи пад од огромни 12,7%.

– Капиталните инвестиции се катастрофално ниски што го доведува градежниот сектор во опасност. Според последниот извештај за извршување на буџет заклучно со месец август изнесува едвај 40 %. Предвидувањата на Светска банка се и дека сиромаштијата енормно ќе расте додека моментално во Македонија над 400.000 граѓани живеат на работ на егзистенција.  Граѓаните на чело со СДСМ се оставени на милост и немилост со лошите мерки и политичката  ноншалантност. Секојдневно расте бројот на заболени од корона а бројот на мртви ја надминува секоја нормалност.   Мафијата на власт ја уништи македонската економија и здравство. Мафијата на власт на чело со Заев покажа колку е неспособна кога се работи за потребите и интересите на граѓаните, истакнаа од партијата