ВМРО-ДПМНЕ реагира на твит веста на Дојче Веле во која се наведува дека  „Македонија доби помош од 66 милиони евра од ЕУ, 1.1 милиони долари од САД, маски од Турција, Чешка, важно вмровските побратими испратиле по 100 илјади маски, за ресор кој го води вмровски министер.

Од партијата реагираат поради следниве факти:
1. Текстот е тенденциозен, малициозен и манипулативен и со партиски призвук.
2. Од ВМРО-ДПМНЕ не е побаран став околу самиот текст, а кога би побарале од Дојче Веле би кажале дека ВМРО-ДПМНЕ ја поздравува секоја помош која е добредојдена за Македонија и која ќе им помогне на македонските здравствени рсботници и на граѓаните во борбата против коронавирусот. Помошта нема боја ниту политичка припадност туку функција која треба да биде исполнета.
3. Не знаеме за кои вмровски побратими се мисли во цитатот бидејќи за ВМРО-ДПМНЕ сите се подеднакво важни и имаме коректни односи со сите кои се цитирани и споменати.
4. Бидејќи веруваме во професионалноста на ДВ очекуваме ваков сличен текст во скора иднина да биде напишан за владејачката партија која пак иако не се потруди да лобирa, не ја поздрави јавно помошта која беше реализирна минатата недела.
5. Сите овие забелешки не држат и ги повлекуваме доколку твит акаунтот на ДВ бил хакиран евентуално од некои партиски структури блиски до Коста Петров, Марјан Забарчанец или Роберт Поповски, во спротивно очекуваме објаснување за текстот – реагираат од ВМРО ДПМНЕ.