Бројот на заразени со коронавирус секојдневно руши рекорди, а состојбата станува поалармантна и со бројот на починати. Денес е срушен уште еден црн рекорд, па Министерството за здравство јавува дека има 1275 новозаразени лица.

СДСМ, како власт, наместо да превземе конечно мерки кои ќе имаат ефект и да побара одговорност од одговорните, се спрема за избори! Вонредните избори во Штип се закажани за 13-ти декември, а до тогаш се очекува и дополнително зголемување на бројките.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 36372, бројката на оздравени пациенти е 22526, на починати е 1084, а бројот на активни случаи изнесува 12762. 

Опозициската ВМРО ДПМНЕ го обвинува министерството за здравство, на чело со министерот Венко Филипче, како директно одговорен за исклучително високиот степен на смртност од заразата, далеку највисок во регионот. Причината за тоа ја гледаат во тоа што здравствениот систем е укочен, бавен, потрешени се над милијарда евра кредити а нема доволно болнички возила и техничка поддршка за заболените, доцна се тестираат заболените во здравстениот систем а уште подоцна се примаат на лоекување кога заболувањето веќе е во најкритична фаза.

Досега починаа 1084 луѓе, се почесто помлади од 30-40 години. Во помен и спомен на починатите ВМРО ДПМНЕ пред владата положи над 1.000 каранфили, симбол на тагата и сочувтсвото со блиските на починатите од епидемијата на корона вирусот.