Вистината е дека парите не одат кај граѓаните, туку од џебот на граѓаните во џебот на мафијата.

Четвртиот пакет на мерки не само што не помага туку ги продлабочува проблемите во економијата трошејќи пари кои се на народот и после неколку години треба да се вратат затоа што кредитите ќе доспеат. Од 4-тиот пакет мерки корист ќе има мафијата на Заев, а додека народот ќе продолжи да осиромашува.

Пакетот мерки нема никаков одговор за 40 илјади невработени, за проблемите на малиот и среден бизнис, за студентите, младите, проблемите во туризмот. Едноставно и тоа што самите го ветија денеска, не може да го исполнат. СДСМ денес е партија на мафијата, со пратеничка група помала од ВМРО ДПМНЕ. Поради полнењето на џебовите на Заев најмногу губат граѓаните.

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ