„Партискиот реваншизам на Спасовски ги чинел граѓаните четири милиони евра на годишно ниво. Оливер Спасовски вчера пред целата македонска јавност потврди дека како прв човек на МВР потрошил 4 милиони евра за исплата на штети по однос на тужби поднесени против него и МВР. Спасовски го чинел македонскиот граѓанин 4 милиони евра поради неговото незаконско работење и несовесно раководење со министерството.“, велат од ВМРО-ДПМНЕ во нивното соопштение до јавноста.

Од партијата истакнуваат дека ова е потврда дека Спасовски многу повеќе го интересирал прогонот и реваншизмот отколку професионалното работење.

„Стотици професионалци беа уназадени и по неколку скалила само поради тоа што не го поддржуваа криминалното работење на Спасовски. Државата загуби професионален кадар во кој со години и децении инвестираше милиони евра, само поради личните хирови на  Спасовски. Признанието на Спасовски не е доволно. Тој мора да ги врати парите за кои го оштети буџетот. Набргу тој ќе се најде на обвинителна клупа и ќе мора да објасни кој давал налози за да се делат решенија спротивно на законот. Ќе мора да одговараат и оние кои му помагале за да се знае точно кој одобрувал или не одобрувал прекувремени работни часови.“ потенцираат од ВМРО-ДПМНЕ и додаваат:

„Ќе се дознаат мотивите за неговото незаконско работење, но што е најважно парите ќе мора да ги врати. Ќе одговара и тој и соучесниците кои му помагале во злоупотребата на службената положба. По 12 април ќе се врати правдата во Република Македонија и ќе одговараат сите кои се огрешиле пред законот како и оние кои што се ставија во заштита на криминалот!“