Новите 280 вработувања во Македонска Пошта покажуваат колку е одлепена власта од реалноста и како ги троши народните пари, реагира опозициската ВМРО-ДПМНЕ преку соопштение.

„Огласот за 280 нови вработувања во Македонски пошти е показател дека не знаат кај тераат. Ги интересира само како да ги искористат државните ресурси за лично богатење, луксузирање или партиски вработувања. Народот гледа на дело каде одат народните пари. Само овој пакет непотребни вработувања ќе ја чини државата 120 илјади евра народни пари месечно, односно скоро 1,5 милиони евра годишно“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Оттука прашуваат која е логиката да вработуваат 280 лица во компанија како Македонски пошти, која има загуба од 10 милиони евра.

ВМРО-ДПМНЕ заклучува дека Македонска пошта е превработена и компанијата нема пари да исплати плата на досегашните вработени.

извор: Makfax