Над 500.000 граѓани кои живеат под прагот на сиромаштијата не мислат како Заев дека економијата блеска, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ.

-18.500 македонски државјани кои лани заминале за Германија, од кои приближно 8.000 не се вратиле не мислат исто како Заев дека економијата блеска. Тие сфаќаат дека дојде живот и дека економијата блеска само за Зоран Заев , Вице Заев , Кочо Анѓушев и разно разни Мири Дизели. Веќе втор месец по ред, градежништвото во Република Македонија забележува двоцифрени стапки на пад, поточно пад од 10% во април и дополнителни 20% во мај. Даночните приходи во вториот квартал од 2019 година номинално  забележале просечен пад од 3,4%. Најголем е падот кај Данокот на добивка. Фирмите во Република Македонија уплатиле за 32% помалку данок на добивка во вториот квартал од 2019 година во однос на истиот квартал од претходната година, а во услови на проектиран раст од 3,5% кај приходите од овој данок за цела 2019 година, се наведува во реакцијата.

Од ВМРО-ДПМНЕ посочуваат дека граѓаните трпат и од покачената акциза и високите цени на горивата.

-Фирмите плаќаaт прогресивни даноци, а капиталните инвестиции се дно. Тоа значи дека државата парите не ги троши за нови училишта, болници, патишта или било што значи додадена вредност за граѓаните туку за кожни фотелји и разни луксузи. Парите се трошат на рекети и наместени тендери. Тоа е вистината што ја гледаат сите деновиве. Токму затоа Зоран Заев наместо да ги манипулира граѓаните треба да си поднесе оставка и да се распишат итни предвремени парламентарни избори, велат од ВМРО-ДПМНЕ.