Мерките на Владата се задоцнети и со неправилна процена. Економијата оди кон амбис, а Владата не презема ништо. Квазимерките што ги најавија ќе остават десетици илјади работници без помош, обвини ВМРО-ДПМНЕ.

„Недејствувањето на власта веќе остави над 20 отсто од вработените во државата без работа. Доколку нема суштинака помош за бизнисот, ќе следува економска катаклизма со масовни отпуштања и затворања фирми. На здравствено поле лекарите се борат голораки. Владата не обезбеди заштитна опрема и дозволи над 10 отсто од заразените да бидат лекари. Аматеризмот на власта мора да запре. Граѓаните очекуваат сериозен пристап“, се вели во соопштението на партијата.

извор: Makfax