„На Заев и СДСМ не им е важно како живеат граѓаните, туку важно им е само нивното богатење.Неспособната влада на Заев воопшто не води грижа за здравјето на граѓаните. Бројот на новозаразени од коронавирус секојдневно е трицифрен. Поради неспобноста на Филипче, Република Македонија и понатаму е рекордер по бројот на новозаразени, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.

Според партијата, владата на Заев не води воопшто никаква грижа за граѓаните.

„Единствено нешто за што водел грижа Заев е депозитот на Нина Ангеловска од 250 илјади евра да биде извлечен од Еуростандард банка. По пропаѓањето на Еуростандард Банка само 10 проценти од лицата успеале да отворат сметки во други банки, што значи дека околу 90.000 граѓани ќе останат без своите пари наредниот месец.

Иако Република Македонија се наоѓа во корона криза, СДСМ и Заев одлучија да ја поскапат струјата за 7.5%. Со поскапувањето на струјата тие директно удираат по џебот на граѓаните, а фирмите блиски до СДСМ и Заеви ќе се богатат.Сето ова покажува дека СДСМ и Заев не им е гајле како граѓаните живеат, туку само водат грижа за нивно богатење“, се додава во соопштението.

извор: Makfax