Власта на СДСМ нема капацитет да им помогне на граѓаните. Заев и Филипче ја загубија довербата.

Општинските штабови веќе не му веруваат на републичкиот кризен штаб, а цели градови се во паника и со човечки животи ја плаќаат суетата на Заев и соработниците, соопштуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

Од пртијата посочуваат дека Куманово и Прилеп станаа жаришта на заразата од Ковид-19, а власта не презема соодветни мерки за да се соречи заразата.

-Министерството за здравство доцни со обезбедување на заштитна опрема за здравствените работници кои со голи раце се справуваат со коронавирусот. Се доцни со спроведување на мерките во борбата против коронавирусот. Министерот Филипче секој ден позира пред камерите, а не знаел дека целиот кризниот штаб на Куманово ги исполнил условите и бил тестиран од Ковид-19. Ваквото неодговорно однесување ја загрозува безбедноста и ги плаши граѓаните кои гледаат дека зад настапите на Филипче наместо работа и суштина, има само импровизација, наведуваат од партијата.

Оттаму посочуваат дека политичките борби и пресметки, ги направија Прилеп и Куманово жаришта на корона вирусот.

-Наместо владата на СДСМ да прогласи кризна состојба во овие два града и со конкретни мерки да спасува илјадници граѓани кои во моментов се исплашени од здравствената и економската криза – која ги зафати без нивна вина, тие делат сомнителна хуманитарна помош. Хуманитарна помош која што е еднократна, криминална и која нема воопшто да помогне во справување со ова зло. СДСМ да престане да ги поткупува македонските граѓани кои едвај преживуваат овие денови – денови на коронавирусот. Наместо да им нудат чист популизам, подобро е да им овозможат подобра здравствена заштита и реална економска помош. СДСМ остави 140,000 работници на улица и сега со ситен поткуп сака да им ги замачка очите на граѓаните. Срамно е што Зоран Заев и СДСМ и во ваква здравствена криза, криза од светски размери, води политичка кампања и сака да профитира од сето тоа. ВМРО-ДПМНЕ ги повикува и ги охрабрува Антикорупциската комисија и Јавното обвинителство да обрнат внимание што се случува во градовите каде што се дели хуманитарна помош и да преземат активности согласно законот. Ваков поткуп мора да се спречи. Ваква валкана изборна кампања мора да се казни. По никоја цена не смее да се остават македонските граѓани и голораките медицински лица, сами да се борат против злото – коронавирусот, а СДСМ, Зоран Заев и Венко Филипче да си тераат политичка кампања, стои во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.