Зоран Заев е главата на криминалниот октопод и шеф на мафијата. Зоран Заев ја закопа правдата во Македонија. Заев три години кроел обвиненија и диктирал пресуди. Снимката која ја слушна јавноста покажува дека Врховен носел пресуди по “трас трас” системот на Заев, а за целиот процес запознаена била и Катица, велат од ВМРО-ДПМНЕ преку соопштение до јавноста.

„Одговорност за Заев мора да има. Заев мора да одговара за злоупотреба на службената положба и овластување, но не со ова обвинителство, туку со обвинителство во кое ќе бидат обвинители предложени од експертската јавност, луѓе кои уживаат кредибилитет во фелата и имаат интегритет.“ истакнуваат од партијата

Од ВМРО-ДПМНЕ потенцираат дека во Врховниот суд  на Република Македонија мора да има итна и неодложна ревизија на работата на судиите.

„Таму каде ќе бидат утврдени неправилности потребни се оставки и одговорност пред законите. Неопходна е и итна реформа на Советот за реформи во правосудството што ќе подразбира времено суспендирање на секаква негова активност поради контаминираноста на неговата работа и барање на меѓународна експертска помош во реализирање на реформите. Македонија нема повеќе време за губење.  На 12 април следува крај на мафијата. По 12 април почнува обновата.3, заклучуваат од ВМРО-ДПМНЕ