Лицемерите Заев и Филипче наутро организираат избори, попладне бројат заразени, навечер кршат закони и прославуваат додека бројат мртви, за на крај да воведат рестрикции. Заев и Филипче се синоним за лицемери, велат од ВМРО-ДПМНЕ во нивното партиско соопштение.

Според опозициската партија премиерот и министерот за здравсто глумат загриженост, а во реалноста за нив не важат мерките кои тие самите ги носат.

„Заев и Филипче ни помалку, ни повеќе си поигруваат со сите граѓани. Заев и Филипче им глумат некаква загриженост, а реално им велат „не не гледајте што правиме, слушајте што зборуваме“. Или Заев и Филипче им велат на граѓаните за нас не важат мерки, ние сме недопирливи, но вие сте обични смртници, мислете му ја. Навредите кон граѓаните не се од вчера, тие се откако е се власт, во овие последни 100 дена на оваа старо-нова влада, а исто е и деновиве кога се глуми загриженост. Во суштина од Заев и Филипче нема ништо освен лицемерие“, истакнуваат од партијата.

Од ВМРО-ДПМНЕ велат дека во суштина Заев и Филипче само го лажат народот!

-И во меѓувреме граѓаните молат за лек, молат за болнички кревет, молат секаде, по сите врати, кај роднини, комшии, и тоа молат за основни работи, молат за основна здравствена услуга. Но, основната здравствена услуга им е оневозможена поради неспособноста на Филипче, незаинтересираноста на Заев кои го уништија здравствениот систем. Сепак има нешто и знаат Заев и Филипче, а тоа е грижа за сопствените бизниси, злоупотреба на функциите за истите. Јавноста во неделата за време на мафијашко-талибанските избори беше сведок на ора, седење по кафеани, непочитување на мерки и тоа од страна на екипата на Заев, на испорачувачите на нелегални финансирања и други активности од криминалното подземје во Штип. И сето ова беше дел од корона изборите во Штип. Поради ваквото однесување време е за одговорност!  Поради ваквото однесување време е за оставки на Филипче, но и на Заев и неговата екипа, велат тие.