И покрај протестите во паркчето кај Бристол за исечените 5 дрвја, градоначалникот на општина Центар, Андреј Жерновски, крајно контрадикторно ја одби иницијативата на советниците на ВМРО-ДПМНЕ средствата добиени за комуналиите за новата зграда која тука треба да се гради, да се инвестираат во садници за раззеленување на нови површини.
– Лагата на Андреј Жерновски излезе на виделина. Тој не ја прифати иницијативата за засадување околу 10 000 висококвалитетни садници, која сите останати ја прифатија и ја поздравија. Веќе е јасно дека на Жерновски најмалку му се битни исечените 5 дрва кои ги користи за партиски цели. Тој не ја прифати поднесената иницијатива од страна на советниците на ВМРО-ДПМНЕ во Општина Центар, со која побараа средствата по основ комуналии за изградба на зградата за СРД во износ од 160 илјади евра кои веќе се легнати и инкасирани во општинската каса, да се пренасочат и да се искористат за нови зелени површини и 10 000 нови садници во општината наместо за партиски вработувања.

“Жерновски за да ја спаси својата лага одбива предлог којшто ќе засадување на околу 10.000 нови висококвалитетни декоративни садници за во градски подрачја. Тоа го покажува лицемерието на Андреј Жерновски и СДСМ. Ним поважни им се 5 стари дрва отколку 10.000 нови садници низ цела територија на општина Центар”, се вели во реакцијата на советничката група на ВМРО-ДПМНЕ во општина Центар.

Инаку на сметката на општина Центар, по основ комуналии за изградба на зградата за СРД на 10 и 11 јуни се легнати 9 милиони 835 илјади денари или 160 илјади евра. Жерновски, иако се противи на изградбата, сепак, овие пари не ги одбива, туку напротив, ги инкасира во општинската каса. Затоа советничката група на ВМРО-ДПМНЕ во општина Центар вчера и формално го поднесе конкретниот предлог средствата да се пренаменат за раззеленување на нови површини кој беше одбиен од градоначалникот Жерновски.