Народот трпи, додека државните функционери на СДСМ местат тендери, велат од ВМРО-ДПМНЕ преку соопштение.

Опозицијата оценува дека е скандалозно што во услови на вонредна состојба и светска пандемија, функционерите на СДСМ се занимаваат со доделување тендери на луѓе блиски до нив, наместо да се грижат за здравјето на граѓаните и подобрување на економската состојба.

„Ниту епидемијата на опасниот коронавирус не ја спречи криминалната банда на СДСМ во четири очи како единствен понудувач да и додели тендер на фирмата „Алпима градба тим“ ДООЕЛ Струмица од ЈП Дрисла и Шилегов, во висина од над 12 милиони денари односно над 200.000 евра. Се поставува прашањето дали зад тендерскиот скандал со Дрисла има и роднинска спрега? Дали е точно дека братучед на генералниот секретар во Владата, Драги Рашкоски го добил тендерот од 12 милиони денари, а оној кој го доделил пак е братучед на неговста сопруга?
Одговор на прашањето дали овој тендер е доделен со амин на Рашковски и Шилегов мора да има“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Од партијата додаваат дека се повторува транзицијата кога „илјадници граѓани останаа на улица, а олигарсите на СДСМ ги наполнија џебовите со парите на народот“.

извор: Makfax