ВМРО-ДПМНЕ досега има поднесено 19.350 амандмани за Законот за употреба на јазиците кој в понеделник ќе се најде на дневен ред во Собранието.

Оваа бројка не е конечна, затоа што во Собранието сè уште пристигнуваат амандмани од опозицијата. Ова значи дека Законот нема да може да биде донесен подолг временски период.

Инаку, ова е рекорден број поднесени амандмани за еден Закон. Досега рекордот го држеше ДУИ со 15.500 поднесени амандмани за Законот за бранители во 2012 година.

извор: Makfax