Народот се буди, протест сега за да не биде предоцна. Денес ВМРО-ДПМНЕ заедно со граѓаните ќе протестира затоа што Заев ќе ја менува историјата во учебниците, за договарањето на заедничка историја со
источниот сосед и тргувањето со историски личности. Заедно со граѓаните денес пак да порачаме на квинслингот Заев доста е со распродавање и понижување на државата.
Денес во Скопје ќе се постават блокади пред Владата на Република Македонија, пред Министерството за надворешни работи и пред Министерството за правда од 16:00 до 17:00 часот.
Пред почетокот на блокадата од пред Влада на Република Македонија во 16:00 часот ќе биде положено цвеќе пред споменикот „Ослободители на Скопје“.

Денес ВМРО-ДПМНЕ ги повикува граѓаните на натпартиски протести за оставка на Заев, слобода на народот, а ќе се одвиваат во дваесет градови низ Македонија и тоа: Куманово, Тетово, Крива Паланка, Македонска Каменица, Пробиштип, Свети Николе, Велес, Делчево, Кочани, Виница, Пехчево, Берово, Босилово, Неготино, Кавадарци, Кичево, Струга, Охрид, Ресен и Битола. Денес е денот кога треба да се порача дека дојде крај на тргувањето на идентитетот, јазикот, историјата од страна на Заев.
Да не молчиме. Бараме оставка на Заев, слобода на народот!