ВМРО-ДПМНЕ го осуди нападот врз пратеникот од ЛДП, Горан Милевски, што се случи вчера на плоштадот „Македонија“ во Скопје.

„Насилството не е решение и ВМРО-ДПМНЕ осудува секаква примена на сила вклучувајќи го и вчерашниот инцидент во кој бил нападнат пратеникот, Горан Милевски. ВМРО-ДПМНЕ бара МВР и надлежните органи во најбрз можен рок да го решат случајот со цел да не се фрла темна дамка врз граѓаните кои го користат своето уставно загарантирано право на протести и мирно и демократски го изразуваат своето негодување за антидржавните политики на СДСМ“, велат од партијата.

Без разлика дали мотивите за инцидентот се лични или политички, истакнуваат од ВМРО-ДПМНЕ, МВР мора да го открие сторителот.

извор: Makfax