Централниот комитет на ВМРО-ДМНЕ вечерва на состанок зад затворена врата во партиското седиште ја утврдува листата на кандидати за пратеници на претстојните парламентраниизбори на 12 април. По завршување на Централниот комитет ќе заседава и Извршниот комитет на партијата.

Генаралниот секретар на партијата Игор Јанушев на денешната прес-коференција кажа дека по утврдувањето листите ќе ги објават имињата на сите 120 кандидати за пратеници. Вели дека сигурно нема да бидат предложени стари компромитирани кадри, како што, според него, ги понуди СДСМ.

На вечерашниот состанок треба да биде утврдено и колку места на кандидатските листи ќе им бидат доделени на коалициските партнери.

Лидерот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, деновиве изјави дека останува на ставот да не се кандидира за пратеник на изборите на 12 април и да биде шпицен кандидат на партијата за мандатар. Тој најави дека на кандидатските листи може да се очекуваат и надпартиски и истакнати личности во својата фела.

Како што изјави претходно Мицкоски, во коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ остануваат досегашните коалициски партнери, а се разговара и со други партии.

Кандидатите за пратеници на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата ќе бидат промовирани утре на партиска конвенција во Македонската филхармонија. Засега нема инфромација дали е можно нејзино одложување по денешните владини препораки за неодржување на јавни собири поради коронавирусот.