ВМРО-ДПМНЕ изразува несогласување со ставовите на власта дека докторите се виновни зошто се заразиле со коронавирусот. Тоа, според нив, е срамно однесување на власта која неможејќи да се справи со коронавирусот удира по грбот и достоинството на лекарите.

„ВМРО-ДПМНЕ смета дека е нехумано и дестуктивно удирањето на власта по докторите и здравствените работници и барањето на вина во нив.ВМРО-ДПМНЕ целосно се става во одбрана на здравствените работници и нивните потреби. Власта не може поради тоа што не им обезбедува адекватна заштита, маски и скафандери на лекарите и здравствените работници вината да ја бара во нив зошто се заразуваат со коронавирусот. Не се виновни лекарите за заразата туку заразната неспособност на власта да обезбеди маски и заштита за здравствените работници. Никаде во светот ниту една власт вината не ја бара во оние кои ја водат битката против заразата и се на првата линија, тоа се докторите.Целосна поддршка за докторите и здравствените работници кои се во првата линија на борба против корона вирусот“, се додава во соопштението.

извор: Makfax