„Избори ќе има кога нема да има опасност по здравјето на граѓаните на Република Македонија. Брзите избори нема да го спасат Зоран Заев.Зоран Заев веќе е прочитан од граѓаните.Сите маски на Зоран Заев паднаа“, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.

Според партијата, од бомбите јавноста слушна и како под целосна контрола на Заев и во негова служба е ставено рекетарското СЈО. Во една од снимките тој најавува што натака СЈО ќе прави и како жестоко ќе се справува со неговите политички противници.

„Слушнавме и како Заев тргувал со нелегално прислушкуваните материјали раздавајќи ги по луѓе за да уценува политичари.Македонската јавност доби потврда дека граѓанските организации и оние финансирани од СОРОС, како граѓанскиот парламент, студентскиот парламент се под контрола на Зоран Заев.На изборите граѓаните ќе го казнат Зоран Заев и ќе го испратат таму каде што му е местото. Доаѓа време на вистината. Вистината ќе го казни Зоран Заев и неговите криминалии“, се додава во соопштението.

извор: Makfax