x

Влхова победи во паралелниот слалом во Ст.Мориц

Словачката скијачка Петра Влхова победи во паралелниот слалом кој денеска се возеше во Ст.Мориц, Швајцарија во рамките на Светскиот куп откако во финалето беше подобра од Ана Свен Ларсон.

Третото место и припадна на Австријката Франциска Гриш која беше подобра од Словенката Мете Хроват.

Инаку водечката во генералниот пласман Американката Микаела Шифрин ја пропушти денешната трка затоа што се спремала за велеслалом, кој во вторник ќе се вози во Куршевел односно за брзинските трки во Вал д’Изер идниот викенд.

Во паралелен слалом ќе се возат уште две трки, во Сестрирес (Италија) и Ареу (Шведска) па потоа ќе биде доделен малиот Кристален глобус во оваа дисциплина.

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата