Никако да се стабилизира Движењето БЕСА. По оставката на претседателот на најголемиот партиски огранок Тетово, Газменд Алиу, во БЕСА започнаа да изразуваат незадоволство и други лица од партијата, индекс.мк.

Поранешната пратеничка Теута Билали, како што дознава индекс.мк, одби да биде кандидат на заедничката листа на пратеници со Зоран Заев на СДСМ, додека заедно со Алиу и Билали,  БЕСА напуштиле и десетици други членови на огранокот во Тетово.

Незадоволство има и во ограноците на партијата во Липково и Куманово. Незадоволни од кандидатурата на Бастри Бајрами како лице не доаѓа од партиските структури, членовите на ограноците од Липково и Куманово најавиле дека нема да гласаат, но нема да повикаат да се поддржат истите.

Под влијание на СДСМ и Заев, БЕСА падна и во Арачиново. За да ги засили своите гласови а согледувајќи дека поддршката за СДСМ значително се намали, Заев побара Бастри Бајрами, исто така од Арачиново, да му ја врати поддршката која ја имаше на изборите во 2016 година. БЕСА овде свесна за стапицата на СДСМ, прифати да го кандидира за носител Бастри Бајрами, со цел СДСМ да ги сочува албанските гласови во оваа општина,велат во кумановскиот огранок, додека отворено велат дека нема да ја поддржат БЕСА на изборите на 12 април.

Извор: Индекс.мк