Кампот Арменистис со гордост ги најавува двете живи легенди на Балканската музичка сцена! Гитарскиот виртуоз и еден од творците на Леб и Сол Влатко Стефановски и неговото Трио, заедно со признатиот музичар на “кавал” и флејта Теодоси Спасов ќе застанат на сцената на Арменистис во недела и ќе приредат незаборавна жива изведба полна со балкански звуци проткаена со класични рок и џез елементи. Фасцинантна автентична балканска музичка фузија на меѓународно признатите виртуози”, стои во најавата за неделната забава.

Претходната вечер за загревањето на атмосферата ќе бидат задолжени диџеите гости од Бугарија Гера и Чоку, чиј сет е најавен како патување низ стиловите и загревање за балканската забава.