Откако објави дека во 2019 година ќе се жени, Влатко Илиевски деновиве објасни и каква жена сака да има покрај себе. Имено, рокерот преку една фотографија на Фејсбук јасно и стави до знаење на јавноста дека неговата избраничка треба да изгледа како Дита вон Тис, односно да ги има нејзините стапала.

Има ли кај нас девојка со убави стапала, напишал пејачот под фотката на Дита, а неговите обожавателки веднаш почнаа преку коментари да му праќаат фотки со нивните стапала притоа прашувајќи дали тоа е неговиот единствен критериум кој треба да го исполнува неговата идна сакана.

Освен што се пали на убави стапала и бара сопруга, Влатче, исто така, работи, а наскоро конечно ќе го чуеме новиот албум кој го сними со групата “Морал”, како и неколку соло теми.