Власта и натаму ќе одлучува како и каде ќе се трошат парите на осигурениците кои се слеваат во здравствената каса. Нивните претставници во Управниот одбор на Фондот за здравство ќе бидат во мнозинство, но клучот врз одлуките и натаму ќе го имаат преставниците на власта, односоно на министерствата за здравство и за финансии. Без нивна согласност нема да може да помине ниту една одлука. Настрана тоа што сите членови ќе ги аминува Владата, на предлог на Министерот за здравство ќе го назначува и директорот. Собраниската комисија за здравство на се избори управниот одбор да се прошири со уште двајца преставници на осигурениците, но нивното барање правото на вето да се избрише не помина. Тие се изборија за претседател на телото кое ќе одлучува како се трошат парите на осигуренците да може да се назначува само делегиираното лице од Министерството за здравство ( предлогот беше на таа функција да се менува на една година со претставникот од “Финансии”), но остана да “виси” инцијативата кај овој преставник на Извршната власт единствено да остане правото на вето. .
Во касата на Фондот солидарно се здружуваат средствата на осигурениците, а кој со својот буџет е најтежок во државата. “И покрај нашите заложби, Министерстовото останува на ставот дека двајцата претставници на Министерството за здравство заедно со претставник на Министерството за финансии можат практично да направат вето во функционирањето на Фондот”, потенцира Ѓорѓи Оровчанец, претседател на Собраниска комисија за здравство.„По мене, тоа не е добро решение, од единствена причина што тоа може да го блокира системот”,објаснува тој . Според Димов, пак, “правото повеќе останува во делот на спречување на спроведување на она што мислиме дека не е во склад со здравствената политика или во делот на остварување на финансиските постапки. А факт дека такво нешто ни се случува “. Со корекциите, Управниот одбор на Фондот од зцртаните седум се позиционира на девет членови. Во него влегува и еден претставник на инвалидите и уште еден човек од Сојузот на потрпшувачаите. Досега тој имаше 13 членови, и во него беа главно партиски поверенци и покрај тоа што именувањето одеше преку Парламентот.


“Матичниот” пак ќе визира до 15 дена боледување
Матичниот лекар и со новите законски решенија ќе има право да издава боледување до 15 денови, а не како што беше првичниот прелог со кој трањето на боледувањата издадени од него да се лимитираат на седум денови. По заминувањето на министерот Димов од седницата, се прошири и управниот одбор, а беа извршени и корекции со кои се “стеснуваат “ дискреционите права при донесувањето на одлуките со кога Фондот за здравствено осигурување ќе склучува договор за работа.


Ристе НЕДАНОВСКИ