Сериозни критики упати професорот и член на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, Трајко Славевски кон Владата на СДСМ за несериозноста на мерките кои Владата ги превзема за помош на македонската економија и стопанство кои што се  девастирана од пандемијата со коронавирусот.

Според него Владата требаше да ја предвиди состојбата и адекватно и правовремено да реагира, но сега се испостави дека власта нема никаков план.

-Посериозно е тоа што Владата иако требаше да очекува ваков удар беше предупредувана од бизнисот, унверзитетски професори, новинари поставуваа прашања уште пред месец, три недели да речеме, самата признаваше дека нема план и се испостави дека нема план, тоа е уште посериозно од она што го слушнавме како одговор во наводници на економската криза која тропа на вратата на Република Македонија. И јас би рекол нешто што треба да го лечите или да се борите со базука да употребам еден милитарен израз вие го лечите со пиштолче на вода. Во право се сите оние кои што тврдат дека пристапот е несериозен и мерките се несериозни. Веројатно треба да очекуваме во следните денови нешто порадикално и посериозно затоа што состојбата е навистина тешка на економски план.