Ирачки владини сили, како и паравоени формации обучени од Иран, подготвуваат голем напад врз курдските сили во реонот на Киркук, соопшти регионалната влада на Ирачки Курдистан.

– Добивме опасни информации дека ирачки сили, меѓу кои и Народната мобилизација и Федералната полиција подготвуваат голем напад врз Ирачки Курдистан, објави Советот за безбедност на Регионалната влада на Твитер.

Информацијата е потврдена од курдски владин претставник, според кого се подготвуваат офанзиви во реоните на Куркук и Мосул.