Силни критики во јавноста предизвикаа  сведочењата на македонските граѓани кои со  хуманитарните летови организирани од Владата, се враќаат во својата земја. Хуманитарните летови, по својата намена и карактер, се применуваат кога поголема група луѓе не е во можност да изврши транспорт до своја држава а притоа им се заканува здравствена или животна оапсност. Во такви услови матичната држава има обврска да им помогне.

Токму таков е случајот со хуманитарните летови на Македонците од Европа до Македонија кои не се туристи кои останале без превоз па треба да се грижи агенцијата на која и платиле. Летовите од хуманитарен карактер, по дефиниција, ги плаќа матичната држава или хуманитарна организација. Но, некој од Македонија реши да заработи на овие маки па ги натера граѓаните да плаќаат сами са хуманитарен лет по цени кои се и повисоки од комерцијалните.

Во време кога авионите немаат патници, а мораат да летаат заради задржување на линиите и аеродромскиот режим на летање. како и заради обврската пилотот да има потребен број часови на летови месечно авионските летови поради мала побарувачка – се поевтини! Но, тој некој се пазараел за најскапа можна цена.

Откако почна процесот  на организација на летовите од различни земји,  додека се вратат во Македонија, граѓаните се соочиле со различни информации во однос на чинењето на  авионскиот билет. Тие обвинуваат за тотален хаос и дезорганизација, не само за цените на билетите, туку за неколкучасовното  чекање на аеродромите.

На пример, за летовите кои се реализираа од Германија, тие сведочат дека, откако биле исконтактирани по Вибер им било кажано дека билетот ќе чини 110 евра, за подоцна кога се вратиле им бил даден Договор во кој пишува дека трошоците за вкупниот лет се 40 000 евра, односно дека  вкупно 180 граѓани треба да платат по 222 евра. Притоа, Договорот мора да биде потпишан од страна на секој патник, задолжително или во спротивно, тие биле информирани дека нема да бидат пуштени од авионот. За тие дестинации редовна цена на Визер е околу 50 евра! што значи дека од овој комерцијален лет со напумпани цени некој од владата кој договарал има екстра заработка од околу 30.000 евра за секо лет. 

Ова не е видено во историјата на комерцијалните авио летови досега. Не е јасно кому сега должат пари патниците – на владата која пазарела дупло поголема цена, или на авиокомпанијата која не им давала да излезат од авионот додека не потпишат двојно поголема обврска за плаќање? Или, компанијата вршела принудно потпишување за потреби на државна власт!

По информациите за различните суми, од порталот Економски лидер пратиле прашања до Владата, од каде им одговориле дека не е точна информацијата дека на патниците однапред им била соопштена цената на летот по патник одделно

Никогаш не била соопштена од напред позната цена на летот по патник одделно. Таа се дефинира откако ќе се затвори листата на патници по авион, после што цената на летот се дели со бројот на патници, и така се утврдува конечната цена што секој патник е должен да ја плати откако ќе пристигне во државата. За условите под кои се организираат овие летови, сите наши граѓани затекнати во други држави навреме и детално се информирани. Еден од тие услови е и обврската да потпишат договор за исполнување на нивниот дел од обврските за спроведување на овие летови, како што се дека прифаќаат да бидат сместени во државен карантин во објект што го обезбедува Владата без никаков финансиски надомест, и да ги подмират трошоците за авионскиот превоз. За оваа утврдена процедура се запознаени сите патници, велат од Владата.

Според ова, владата како закупец на авионот принудила патниците да платат колку што тие процениле иако, кога веќе плаќаат, секој патник однапред мора да ја знае цената на услугата. Тоа се јавува токму затоа што овие летови не се хуманитарни, каде му се помага на патникот, туку комерцијални со однапред непозната цена.

Инаку, до сега  вратени се 1842 наши државјани од Малта, Хрватска, Словенија, Германија, Австрија  со седум авиони и тоа од: Валета, Загреб, Љубљана, Минхен, Берлин, Бон/Келн, Виена, а 150 граѓани со три хуманитарни конвои (автобуси и автомобили) од Црна Гора, Словенија и Истанбул.

Овие активности  беа  реализирани со пријавување на македонски граѓани затекнати во странство и нивно евидентирање со цел враќање во земјата. Владата потоа организираше јавен повик за организирање на авионски превоз, на кои беше кажано дека ќе се избере најевтината понуда за организирање летови од страна на авиокомпаниите. Кога веќе толку патници платиле редно е да ги видиме понудите на тој јавен повик.