Финансискиот магазин “The Business Worldwide” е еден од водечките светски извори на авторитативна анализа на меѓународниот финансиски и банкарски сектор. Се чита во повеќе од 200 земји и претставува едни од главните извори на информации за клучните фактори на одлучување во финансиското работење. Својот углед го базираат на објективност, влијание, интегритет и точност во информирањето. Искусни економски новинари, ажурно и секојдневно пренесуваат вести од банкарскиот сектор, брокерските работи, фондови, менаџмент на богатство, корпоративно владеење, спојувања и превземања се под еден глобален чадор.

При одлучувањето за доделување на наградите на Претседателот на Управниот Одбор на Банката, г-нот Ефтимоски, жирито на финансискиот магазин “The Business Worldwide”, кој има преку 62,000 читатели, се раководеше од иновативниот и посветен пристап на г-нот Ефтимоски во банкарството. Тој пристап доведе до стабилен раст на банката и покрај финансиската и политичка криза со која се соочуваше земјата во изминатите две години.

Наградите кои му беа доделени на Ефтимоски беа објавени и на портали и онлајн сервиси како Reuters, Marketwatch, Bloomberg terminals, Dow Jones, LexisNexis, Yahoo News!, CNBC и Forbes.