x

Владе Дивац го напушти Сакраменто после пет години

divac

Легендарниот српски кошаркар, Владе Дивац повеќе не е генерален менаџер на Сакраменто, оваа информација ја потврди клубот на својот официјален „Твитет“ профил.

На неговото место како привремено решение е поставен Џо Думарс. Оваа промена дојде откако Кингси се вратија од Орландо без пласман во плеј-офот. Сакраменто оваа сезона беше под нивото, па токму затоа дојде до одредени промени.

Првата се однесува на Дивац, немаше никакво задоволство откако тимот остана без плеј-оф.

„Сакраменто известува дека Владе Дивац ја напушти позицијата генерален менаџер, привремено решение е Џо Думарс“, се вели во известување на Сакраменто.

Дивац функцијата на генерален менаџер ја извршуваше од 31 август 2015 година.

„Ми беше чест и привилегија да му служам на овој клуб како менаџер. Сакраменто и Кингс секогаш ќе имаат посебно место во моето срце, им посакувам се најдобро во иднина“, рече Дивац.

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата