14-дневната самоизолација на која мора да се согласат сите државјани на Македонија кои доаѓаат од странство, се пречка за доаѓањето на печалбарите. Министерот за економија Крешник Бектеши вели дека Владата ќе се разгледа можноста за укинување на оваа мерка за лицата кои приложат негативен ПЦР тест за Ковид-19.

„Ние ќе ја разгледаме повторно оваа одлука која ја усвоивме, а е предлог на Комисијата, но важно е да се нагласи фактот дека токму во периоди на такви пандемии ние како влада важно е да ги усвоиме предлозите на комисијата бидејќи тоа е институција која е најповикана во такви случаи базирајќи се од здравствен аспект, врз чија основа тие ги носат предлозите.“, рече Бектеши.