Деталната анализа за актуелната состојба со недостатокот на електрична енергија во земјава, што вчера ја подготви Управниот и Надзорниот одбор на МЕПСО, денеска ќе биде доставена до Регулаторната комисија за енергетика. Комисијата, потоа ќе донесе решение и ќе го достави до Владата, која треба да пресече каква стратегија ќе примени МЕПСО за кризниот зимски период.
Компанијата останува на ставот дека големите потрошувачи треба да го понесат товарот на набавка на скапата увозна струја.
– Можно е да се донесе одлука и да нема увоз на струја, а големите потрошувачи да го поднесат товарот на енергетската криза – вели Атанаско Тунески, директор на МЕПСО, кој смета дека не треба да има поскапување на струјата за малите потрошувачи
Претставниците на Фени и Силмак вчера имаа средба со менаџерскиот тим на МЕПСО. На средбата се разговорало да се најде адекватно решение за настанатата состојба и големите потрошувачи да го понесат товарот на енергетската криза. (В.Ма.)