Владата ги демантира и појаснува написите за кои економски оператори ќе ги услужуваат граѓаните при финансиската помош.

Согласно член 5 од предлог на законот за финансиска поддршка на граѓани со низок доход, корисници на пензија, корисници на право на социјална сигурност на стари лица, млади лица, самохрани родители, деца без родители и родителска грижа, уметници и други лица кои вршат дејност во културата, филмски работници и естрадни уметници, по скратена постапка, Генералниот секретаријат на Владата на Република Северна Македонија во рок од пет дена од денот на влегувањето во сила на овој закон на интернет страницата www.kupuvamdomasno.gov.mk, објавува јавен повик за пријавување на правни и физички лица вршители на стопанска дејност за упис во Листа на даватели на македонски производи и македонски услуги, според Листата на дејности утврдени со одлука од страна на Владата на Република Северна Македонија, согласно Националната класификација на дејности, односно Меѓународната категоризација на трговец по ИСО стандардизација (Merchant Category Code, скратено MCC).

Барањето за упис во Листата на даватели на македонски производи и македонски услуги се поднесува во рок од пет дена од денот на објавата на јавниот повик. Генерален секретаријат на Владата на Република Северна Македонија ја објавува Листата на даватели на македонски производи и услуги на интернет страната www.kupuvamdomasno.gov.mk. Изборот на економските оператори се врши врз основа на утврдени критиериуми преку „МСС кодови“ и не е слободен избор на Владата, велат во нивната реакција

 

И граѓани со блокирани сметки ќе добијат по 6.000 денари, еве кој влегува на таа листа https://vecer.mk/node/538951

Posted by Вечер on Среда, 18 ноември 2020