Има 2 категории на граѓаните кои се ризични, тоа се младите лица до 18 години и втората категорија се повозрасните од 67 години па нагоре. Најосетливи во здравствена смисла се оние кои се постари од 67 години, додека пак младите лица се најголмите преносители. Ова е од она што е согледано кај нас, но и од другите држави. Се донесе одлука за забрана за движење на лицата постари од 67 години. Тие ќе можат да се движат од 5 наутро до 11 часот. Значи забраната за движење ќе биде од 11 часот до 5 наутро. Во периодот од 5 наутро до 11 наутро ќе можат да извршат одредена набавка и така натаму, по 11 часот постарите нема да можат да се движат, информираше техничкиот премиер Оливер Спасовски.

Втората група односно помладите од 18 години ќе може да се движат од 12 на пладне до 21 часот, значи нема да можат да се двжиат од 21 часот навечер до 12 на пладне. Што значи дека едната и другата категорија нема да бидат групирани. Најчесто младите лица имаат лесни симптоми на болеста, дури и не се препознава дека го имаат, а многу лесно може да го пренесат на постарите, вели Спасовски.

Тој додава дека како влада не ги посакуваат овие мерки, но се неопходни.

 

Ограничувањето на движење прв пат се случува на целата територија на државата, но сето ова е со цел да се заштити животот и здравјето на граѓаните. Забрана за сите граѓани односно полицискиот час ќе биде од 21 до 5 часот, вели Спасовски.