Министерот за правда, Бојан Маричиќ на денешната прес конференција извести дека владата донесла одлука дека до задолжениот рок до 18 декември, ќе го го извести Судот за човекови права во Стразбур  дека нема намера да се спогодува со обвинетите во процесите на поранешното СЈО  кои поднесоа тужби повикувајќи се на амнестијата на поранешниот претседател, Ѓорге Иванов.

За таа цел Владата го задолжила владиниот агент да го извести Судот во Стразбур до предвидениот рок, а како што вели Маричиќ после анализите на власта спремни биле да влезат во процесот.

-Помилувањата на поранешниот претседател Иванов беа спротивни на домашното право и како такви беа извор на правна несигурност, како и директен повод за големо незадоволство кај граѓаните. Нивното поништување, пак, беше повторно воспоставување на нарушената правна рамнотежа. Владата е должна ваквиот став да го брани пред Судот во Стразбур, порача Маричиќ.

Според него, не треба да се прашува што ако државата го изгуби спорот во Стразбур, туку колку државата ќе изгуби ако не влезе во овој спор.

– Во изминатиот период правевме сериозни анализи и консултации со домашни и странски експерти и врз основа на тоа одлучивме дека иаме добри шанси да влеземе во овој спор и да ги браниме нашите позиции, рече Маричиќ.

Тој е дециден дека проектот „Вистината за Македонија“ инцираше силни оптшествени, политички и правни проемни во државата.

-Државата е обврзана на граѓаните да им обезбеди правда. Процесуирањето на кривичните постапки кои произлегоа од незаконското следење на комуникациите, вклучително и оние што се предмет на апликациите поднесени до Судот во Стразбур, станаа и еден од критериумите според кои се вреднува напредокот на нашата држава во процесот кон ЕУ, напомена министерот.

Обвинети во случаите кои произлегоа од незаконското прислушување, меѓу кои поранешниот премиер, Никола Груевски, Гордана Јанкулоска, Миле Јанакиески, Сашо Мијалков и други поднесоа тужби пред Судот во Стразбур, повикувајќи се на аболицијата на Иванов од 2016 година. Владата има рок да се произнесе до 18 декември 2020. До истиот рок треба да се произнесат и апликантите кои ја тужат државата.