Во однос на секторската структура на одобрените средства, се распределени најмногу во винската(29%), конзервната(24%) и мелничко-пекарската индустрија(19%), а овие средства се користени и во сточарството(12%), месната(5%) и млечната(2%) индустрија како и од останати компании(8%) од областа на преработки на земјоделските производи.

-Овие средства коишто Владата ги пласира преку Македонската банка за поддршка на развојот под навистина поволни услови можат да бидат користени од многу субјекти во земјоделскиот сектор. Значајно е дека тие средства може да бидат користени и во процесот на примарно производство, во преработка на земјоделски производи и во извозот на земјоделски производи, а особено битно е што обртните средства од МБПР можат да бидат користени за откупни земјоделски производи коишто во фазата на откупните периоди во позитивно значење и за земјоделските компании и за индивидуалните компании на земјоделци на коишто им се откупуваат тие земјоделски производи, истакна владиониот портпарол Александар Ѓорѓиев.

Тој вели дека навистина добра можност за сите субјекти во земјоделскиот сектор да ги проучат овие можности, да се обратат до Македонската банка за поддршка на развојот којашто во секој момент е отворена за совет, информации, водење низ целиот процес на земјоделските субјекти за добивање на вакви поволни финансиски субјекти со цел да се даде една поголема поддршка на земјоделскиот сектор, да се обезбеди поголема профитабилност на земјоделските компании и да се отворат нови работни места во секторот на аграрот.

-Досега 55 земјоделски компании ги имаат искористено овие поволни финансиски средства. Некаде сумата се движи околу 11,7 милиони евра со којашто се отворени стотици работни места, што значи дека имаме позитивни моментуми и во фазата на позитивното движење на самиот земјоделски сектор. Имаме конкретен бенефит за самите земјоделски компании коишто ги користат овие средства, се разбира и за индивидуалните земјоделски производители коишто се непосредно поврзани со истите,потенцира Ѓорѓиев.

Станува збор за кредитна линија, за поддршка на проекти од областа на примарното земјоделско производство, преработките и извозот на земјоделските производи во висина до 300 илјади евра и до 500 илјади евра за откуп на грозје, пченица, овошје и зеленчук, со 3% фиксна годишна каматна стапка, со рок на отплата до 5 години со вклучен грејс период од 1 година за основни средства и до 1,5 години со вклучен грејс период од 3 месеци за обртни средства.

Овие средства се од голема важност за компаниите од земјоделскиот сектор, како од аспект на нивната конкурентност така и од аспект на олеснување на процесот на откуп на земјоделските производи, пласманот на земјоделските производи но и за побрза исплата на парите на земјоделците.