Лидерот на ДУИ, Али Ахмети денеска го прослави својот роденден. Неговите сопартијци го изненадија со торта на која стоеше логото на ДУИ. Наспроти забраната од Владата за употреба на пластични чаши, тањири, ножеви, вилушки, пратеничката група на ДУИ на чело со Талат Џафери не ја почитуваат одлуката на Владата донесена на 16 декември 2019 година.

Премиерот, министрите, уставните судии веќе нема да јадат и пијат од пластични амбалажи. Владата на седницата на 16 декември 2019 во Куманово донесе одлука да престанат набавки во пластична амбалажа. Забраната се однесува и на пакувањата на шеќер, пластични лажички за кафе и други пијалоци, сламки и прибор за еднократна употреба. Одлуката ги опфаќа сите државни органи за кои е надлежна Службата за општи и заеднички работи, која треба да ја заостри процедурата за набавки со прописи за посебни текови на отпад.

Видео: ТВ21