Владата допрва ќе одлучува за барањето на Бугарија бизнисменот Орце Камчев да биде именуван за почесен конзул во Македонија. Портпаролот на Владата, Миле Бошњаковски, потврди дека вчера до македонското Министерство за надворешни работи од бугарската амбасада е пристигнато такво барање.

„Во согласност со законските процедури, Владата допрва ќе се произнесе по нивното барање. Сè дотогаш не би можел да дадам конкретни податоци. Следува вообичана постапка и кога ќе има одлука ќе информираме соодветно“, рече Бошњаковски.

извор: Makfax