Владата на денешната седница донесе неколку кадровски решенија. Од таму соопштија дека за в.д. директор на Државниот комунален инспекторат е именувана Елизабета Јованчева.

За директор на Културниот центар во Истанбул, пак, Владата го именуваше Рамадан Рамадани, досегашен вршител на должноста во истата институција.

извор: Makfax