Бидејќи во Кичево нема ниту еден заразен со Ковид-19, градоначаникот на општината, Фатмир Дехари побара од Владата да прогласи стерилна зона, што би значело посебни мерки за овој град.

„Да се воведат пунктови на влезот и излезот на Кичево и да се контролираат сите граѓани кои ќе доаѓаат или надлежните од другите градови и во нашиот град да се врати нормалниот живот задржувајќи ја социјалната дистанца и надзор на ситуацијата, особено за продолжување на училиштата а зошто да не и најпогодениот дел, рестораните, кои претставуваат друга сериозна грижа“, вели Фатмир Дехари – градоначалник на Кичево.

ТВ21 го праша министерот за здравство што ќе биде со барањето на Дехари. Венко Филипче рече дека нема потреба од посебни мерки низ градовите.

Не може да се спречи ширењето на вирусот со полициски пунктови вели доктор Генц Селмани, кој истовремено е и советник во општина Кичево од редовите на АА.

„Предлогот на градоначалникот е избрзан и не обмислен добро бидејќи,  знае СЗО и медицинската наука, дека ова е микроорганизам кој е невидлив и пунктовите не можат да ја спречат трансмисијата или ширењето на овој вирус, напротив, ситуацијата може да ескалира. 80% од случаите сокоронавирус, СЗО од научните студии, зборуваат дека се асимптоматски и всушност можеш да пуштиш еден граѓанин од еден во друг град, или бизнисмен кој има работа во Кичево, тој нема симптоми и станува нулта пациент кој може да го зарази цел град“, изјави Генц Селмани – советник во општина Кичево

Епидемиологот Жарко Караџоски за барањето на градоначалникот на Кичево за прогласување стерилна зона, рече дека предложените мерки од Владата се однесуваат на целосно почитување од страна на граѓаните и се најдобрите можни мерки за спречување на вирусот.

Извор: ТВ21