Владата го објави списокот со 179 фирми што ја добиле финансиската поддршка, а не им дале плата на вработените. Надлежните најавија дека компаниите што ќе ја злоупотребат помошта ќе бидат казнети парично, но подлежат и на кривична одговорност.

Глобите се движат од 500 до 1.000 евра за микрофирма, од 500 до 2.000 евра за мала фирма, од 1.000 до 6.000 евра за средна и од 1.000 до 10.000 евра за голема фирма.

извор: Makfax