Владата вложи 600 илјади евра во лабораторија за геномика и протеоника, што е во рамките на еден поголем истражувачки центар по генетика Георги Ефремов”. Новата софистицирана лабораторија за рано дијагностицирање на канцер вчера беше промовирана во МАНУ.
– Лабораторијата нуди можност и најсофистицирани методи за рано откривање на канцер и за други микробиолошки анализи. Во оваа лабораторија владата инвестираше близу 600 илјади евра и таа е единствена во Македонија, а некои држави во регионот воопшто немаат ваква лабораторија. Ова е извонредна можност која се надевам дека ќе биде максимално искористена како од клиниките и болниците приватни или државни така и од МАНУ, кој доколку добро ја понуди со свој тарифник за услугите може добро да заработи, изјави на промоцијата премиерот Никола Груевски.

(С.Р.)