На вчерашната седница на Владата беше визирана продажба на 12 аптеки во исто толку градови во земјава. Со тоа стартува зацртаната приватизација на аптекарската дејност. Продажбата ќе оди на берза, а со вчерашната одлука стартот ќе го имаат по една аптека во Прилеп, Свети Николе, Демир Хисар, Битола (“4 Ноември”), Куманово, Крива Паланка, Крушево, Кратово, Струмица, Радовиш… Проценетата почетна вредност за берзанска аукција според извори на “Вечер” изнесува од 100.000 евра за аптеката во Демир Хисар, до над 200.000 евра за аптеката во Битола и другите поатрактивни градови. Во овие суми се влезени и оние 30 отсто од проценетата вредност, што со разни бенефиции или по основ на стажот им следуваат на вработените. Со трансформацијата на фармацевтскиот сектор е предвидено приватизација на сите државни аптеки, кај кои сопственоста е чиста, додека другите ќе одат под закуп. “Градска аптека” Скопје и аптеките во уште шест градови во земјава кои функционираат како самостојни здравствени организации, ќе се продаваат во пакет, како фирми. (Р.Н.) (Р.Н.)