Бројот на заразени со коронавирус во САД од почетокот на пандемијата надминал шест милиони, покажува статистиката на Универзитетот „Џонс Хопкинс“.

Најголемата светска економија беше апсолутно најтешко погодена од пандемијата, со повеќе од 183.000 смртни случаи. Таму пријавени се и околу 20 проценти од бројот на инфекции со коронавирус на светско ниво.

Во последниве недели, бројот на нови случаи на Ковид-19 опаѓа, но ситуацијата во земјата останува тешка, бидејќи зад американскиот просек се кријат огромни регионални разлики.

Претседателот Доналд Трамп, кој се кандидираше за втор мандат на изборите на 3 ноември, вети целосен крај на пандемијата благодарение на откривањето на вакцина која, тврди тој, наскоро ќе биде достапна во стотици милиони дози.

Пред нешто повеќе од три недели, САД имаа пет милиони заразени.

извор: Makfax