x

Виљареал останува без двете големи ѕвезди

Санти Казорла и Бруно Соријано го напуштаат Виљареал на крајот на сезоната. И на двајцата ќе им истечат договорите, а Казорла од „Мадригал“ се сели во Катар каде што ќе игра за Ал Сад. Соријано кој целата кариерата ја помина во Виљареал, од 2006 година заигра за првата екипа, ќе се пензионира на 36 години.

Казорла е дете на Виљареал, а во 2011 замина во Малага, па од таму во Арсенал, а се врати во редовите на „жолтата подморница“ во 2018 година. Иако има 35 години засега не планира да се откаже, потпиша договор со Ал Сад каде тренер е некогашниот ас на Барселона, но и негов соиграч од шпанскиот национален тим Чави Ернандез.

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата